Интервју со Чеферин: „Масар? Според мене тој својата работа ја извршува беспрекорно“! (ВИДЕО)

259

Утре од 18 часот на социјалните мрежи на ФФМ, ќе можете да го проследите интервјуто со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој денеска беше во посета на Скопје, Македонија се разбира на Фудбалската федерација на Македонија, на лична покана на претседателот, Масар Омерагиќ.

Во дел од интервјуто се гледа дека Чеферин дава одговори на повеќе теми а на прашањето за работата на ФФМ и претседателот Омерагиќ, еве што кажа, Словенецот:

Што се однесува до Масар, тој својата работа ја извршува беспрекорно. Ние имаме навистина целосна контрола врз сите сојузи. Можеби сум малку субјективен бидејќи тој ми е пријател, но објективно, како претседател на УЕФА, мора да кажам дека сум исклучително задоволен“ истакна Чеферин.

Уште еднаш, утре од 18 часот ќе можете да го проследите целото интервју со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

 

ПретходноШтип УГД со максимални 3:0 го победи Борец на стартот од финалната серија!
СледноШошкиќ има нов тим во НЦАА!