ЛЕ и ЛК 1/4 финале: „Шумарите“ го елиминираа Порто, познати се полуфиналните двојки!

59
ФОТО:.facebook.com/officialnffc/

Вечерва на програмата беа сите реванш натпревари од 1/4 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Секако дека најинтересно беше на мечот меѓу некогашните европски прваци, Нотингем Форест и Порто. Славеа „шумарите“ со 1:0, со голот на Гибс-Вајт во 12.минута. Гостите речиси да играа цел меч со играч помалку по исклучувањето на Беднарек во 8.минута.

Астон Вила уште еднаш беше убедлива против Фиорентина, а Брага дојде до победа кај Бетис со 2:4 и до пласман во следната фаза.

ЛИГА ЕВРОПА – РЕВАНШИ

Селта – Фрајбург 1:3

Астон Вила – Болоња 4:0

Бетис – Брага 2:4

Нотингем Форест – Порто 1:0

-По ова познати се и полуфиналните двојки во ЛЕ. Тоа се Брага – Фрајбург и Нотингем Форест – Астон Вила, кои се играат на 30 април и 7 мај.

Во Лигата на Конференции, АЕК за малку ќе направеше подвиг, но сепак при 3:0 Рајо Ваљекано постигна еден гол и со тоа се пласира во полуфиналето. Тоа е тимот кој што дома ја победи Шкендија со 2:0 во лигашката фаза.

ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ – РЕВАНШИ

АЗ Алкмар – Шахтјар 2:2

АЕК – Рајо Ваљекано 3:1

Фиорентина – Кристал Палас 2:1

Стразбур – Мајнц 4:0

-Полуфиналните двојки се Шахтјар – Кристал Палас и Рајо Ваљекано – Стразбур. И овие мечеви се играат на 30 април и 7 мај.

ПретходноПартизан ја “реши“ Басконија, Ц.Звезда со убедлив пораз во Мадрид