На 19 април 2026 година, во хотел „Хилтон“ во Скопје, ќе се одржи третиот по ред состанок посветен на формирањето на Men’s & Women’s Regional Handball League (MRHL / WRHL).
На состанокот ќе присуствуваат претставници на ракометните федерации и клубови од Македонија, Србија и Црна Гора, а свое присуство ќе има и Предраг Бошковиќ, потпретседател на ЕХФ, што дополнително ја нагласува важноста на овој процес.
Во фокусот на состанокот ќе бидат:
– дефинирање на форматот и календарот на натпреварување
– финансиски и организациски модел на лигата
– улогите на федерациите и клубовите
– координација и заеднички развој на ракометот во регионот
Планирано е во првата сезона да учествуваат:
– машка лига (MRHL) со 11 клуба
– женска лига (WRHL) со 8 клуба Овој состанок претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот, конкурентноста и видливоста на ракометот во регионот. Ракометната федерација на Македонија станува центар на регионалната ракометна соработка и иницијатор на ново поглавје во развојот на ракометот во регионот










