Од денеска до недела Струмица ќе биде во центарот на вниманието, овој град е домаќин на Купот на Македонија во машка и во женска конкуренција.
Првиот ден е резервиран за полуфиналните пресметки во машка конкуренција, бранителот на торфејот, Вардар 1961 ќе ги одмери силите против Алкалоид, меч кој стартува во 20 часот.
Претходно во првото полуфинале ќе се сретнат ГРК Охрид и Пелистер. Последната средба помеѓу овие два тима заврши со победа на охриѓани, кои славеа среде Битола, па сега актуелниот првак ќе сака реванш, дали ќе успее ќе дознаеме денеска. Мечот е закажан во 17 часот.
Интересно е што единствен тим кој нема освоено трофеј во Купот на Македонија е ГРК Охрид, Алкалоид има еден и тој го освои пред две години, додека пак Пелистер и натаму чека да го подигне првиот пехар во ова натпреварување после 2005 година. Вардар е нaјтрофеен, во своите витрини ги има 17.
Билетите се пуштени во продажба, еден билет чини 400 денари и тој важи за двата натпревари.










