Македонија ќе одигра тест меч со Бахраин во Анталија!?

130

Веќе е потврдено дека селекцијата на Босна и Херцеговина ќе биде следниот ривал на нашиот најдобар фудбалски национален тим. Дуелот со учесникот на претстојниот Мундијал ќе се игра во Сараево на 29 март и тоа на стадионот „Кошево“‚ кој е со капацитет од 30.000 гледачи. Потоа следи и пресметката во Истанбул со Турција која исто така преку баражите во март успеа да обезбеди пласман на СП. Тој дуел е предвиден за 1 јуни на стадионот на Галатасарај.

Тоа не е се… Во јуни се планира и трет тест меч на репрезентацијата. Бахраин ќе ги одмери силите со Македонија во првата недела на јуни, а дуелот е планиран да се игра во Анталија. Но, според плановите на оваа средба би настапиле играчи кои нема да имаат голема минутажа на првите два теста но и играчи од домашниот шампионат.

ПретходноНема веќе трошење на државни пари во С.Арабија: Продаден Ал Хилал!
СледноНБА одлучи: Лука Дончиќ сепак може да биде МВП