Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде дел од 24-те земји учеснички на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во пет земји: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.
Нашите ракометарки ќе играат во Клуж, а покрај домаќинот Романија во групата Б се најдоа уште Норвешка и Швајцарија. Европското првенство ќе се одржи во 3. до 20 декември.
Македонија на овој шампионат најверојатно ќе настапи со нов селектор на клупата. На актуелниот предводникот на нашиот национален тим, Кристијан Грчевски му истекува договорот. Шансите да не добие нов мандат се големи, дознава СпортСпорт.
Останува во следниот период да биде познато какви се плановите на Ракометната Федерација на Македонија по ова прашање. Во женската сениорска репрезентација е потребни промени.










