Ѓорческа елиминирана во второто коло во Порторож

48
фото: mtftennis.mk

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот што се игра во словенечкиот град Порторож и е со награден фонд од 60.000 долари. Таа во мечот од второто коло денеска загуби од Катарина Завацка од Украина со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0) за 69 минути игра.

Ѓорческа водство имаше само на стартот од мечот го освои првиот гем, кога воедно успеа да направи и брејк, но потоа следуваше и серија од четири гема за ривалката која поведе со 4:1. Во продолжение Ѓорческа освои уште еден гем за сетот украинската тенисерка да го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет македонската тенисерка не успеа да освои ниту еден гем.

Ѓорческа следниот турнир треба да го игра во германскиот град Висбаден на ИТФ турнир W100, каде според моментната состојба е на листата за квалификации.

ПретходноЈапонскиот дух во Скопје: Врвна аикидо демонстрација со мајсторот Макото Ито во „Борис Трајковски”
СледноПМФЛ: Силекс најде „лек“ за Брера и полека и се доближи на Струга