Дамјан Митев: Првото полувреме бевме одлични, потоа ни падна ритамот!

109

Алкалоид не успеа да слави против фаворитот, па така Вардар во недела ќе игра во големото финале во Купот на Македонија. Четата на стратегот Кирил Лазаров дадоа се од себе, играа хендикепирани со неиграњето на неколкумина стандардни ракометари и тоа се почувствува на теренот.

Свој коментар имаше Дамјан Митев кој кај поразениот тим беше најефикасен со шест голови:

Одигравме еден тежок натпревар бидејќи имаме повредени играчи. Според мене првото полувреме го изигравме одлично. Во вториот дел ни падна ритамот, се боревме, оставивме срце на терен, но тоа е тоа. Им честитам на противниците, на екипата на Вардар и им посакувам среќа во финалето“ изјави Митев по мечот.

ПретходноКуп на Македонија: Вардар го победи Алкалоид и си закажа финале со ГРК Охрид!
СледноГоце Георгиевски: Пресуди второто полувреме!