На Грчевски му истече договорот, Македонија со нов селектор на Европското првенство?

136

Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде дел од 24-те земји учеснички на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во пет земји: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција.

Нашите ракометарки ќе играат во Клуж, а покрај домаќинот Романија во групата Б се најдоа уште Норвешка и Швајцарија. Европското првенство ќе се одржи во 3. до 20 декември.

Македонија на овој шампионат најверојатно ќе настапи со нов селектор на клупата. На актуелниот предводникот на нашиот национален тим, Кристијан Грчевски му истекува договорот. Шансите да не добие нов мандат се големи, дознава СпортСпорт.

Останува во следниот период да биде познато какви се плановите на Ракометната Федерација на Македонија по ова прашање. Во женската сениорска репрезентација е потребни промени.

ПретходноПМФЛ: Силекс најде „лек“ за Брера и полека и се доближи на Струга
СледноМакедонија подобра од Романија, ќе игра за 5. место на Медитеранското првенство