РК Вардар се засилува со среден бек од Франција?! (ФОТО)

136
ФОТО:x.com/Hen_Livgot

И дефинитивно РК Вардар не се шегува. Како што се најавува, Матео Фадуиле (23), среден бек од Франција би можел да го засили некогашниот двоен европски првак за следната сезона.

Тој е член на Трембли, и во оваа сезона е прв стрелец на тимот со 162 голови.

Во својата кариера има играно и за Нант, а исто така ги минал сите младински селекции на Франција.

Јасно е дека ако дојде во Вардар, инаку има важечки договор со Трембли до 2027 годин, тоа ќе биде големо, огромно засилување за тимот на Иван Чупиќ кој следната сезона има уште поголеми амбиции.

ПретходноИнтер го„скрши“ Каљари и ита кон титулата!
СледноТага во кошарката: Почина легендарниот Оскар Шмит!