Турците се обиделе да „украдат“ 11 врвни атлетичари, Светската федерација ги спречи!

43
фото: Wanda Diamond League @Diamond_League (X)

Светската атлетска федерација ги отфрли барањата на 11 елитни спортисти да го променат своето државјанство и во иднина да настапуваат за Турција.

Управното тело соопшти дека барањата се „дел од координирана стратегија за регрутирање“ од страна на владата на Турција „за привлекување на странски спортисти преку профитабилни договори“.

Меѓу 11-те атлетичари беа пет Кенијци – вклучувајќи ја и поранешната светска рекордерка во маратон Бригид Косгеи – четири Јамајканки, еден Нигериец и една Русинка.

Роже Стона, кој го освои олимпиското злато во фрлање диск за Јамајка во 2024 година, исто така беше дел од оваа групата.

Турција не успеа да освои ниту едно злато меѓу осумте медали на Игрите во Париз во 2024 година.

ПретходноПолувреме: Шкендија убедлива во Кавадарци!(ВИДЕО)
СледноУЕФА листа: Баварците се најдобриот европски тим во моментов