Новак Ѓоковиќ нема да игра на турнирот во Мадрид, објавија организаторите.
„Новак Ѓоковиќ, трикратниот шампион на Мадрид, нема да учествува на овогодинешното издание на нашиот турнир“, се вели во соопштението.
„Се надеваме дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро и дека сите ќе уживаме во неговите игри како што уживавме толку многу години во Каха Махика.“
Ова значи дека Ѓоковиќ ќе го пропушти третиот Мастерс оваа година. Тој играше само во Индијан Велс, а потоа ги пропушти турнирите во Мајами, Монте Карло и сега во Мадрид.
Ова значително ги комплицира неговите подготовки за Ролан Гарос, бидејќи досега не одиграл ниту еден натпревар на земјена подлога. Сега останува само Рим како опција од големите турнири пред Париз.










