Тотенхем прими гол во 95. минута и не победи, „бездната“ се поблиску (ВИДЕО)

65
фото: Premier League (X)

Фудбалерите на Тотенхем се се поблиску до „бездната“ откако на вечерашниот дуел со Брајтон ремизираа 2:2 во Лондон во 32-то коло од Премиер лигата. Спарси беа „шокирани“ од голот на Жоргињо Рутер во 95-тата минута, а беа толку блиску до победа која можеше да им донесе голем чекор кон опстанок во елитата.

Денеска Тотенхем го имаа брилијантниот Чави Симонс, кој конечно се покажа во вистинско светло, играа добро, но едноставно не победија.

Тие се уште се во зоната за испаѓање со 31 бод, еден бод зад Вест Хем и два зад Нотингем Форест.

ПретходноКумановци со голема победа на гостувањето кај Чаир
СледноОхриѓани им фаќаат сеир на битолчани: Немате езеро и аеродром, нематe ни финале