Вардар има задача да го одработи дуелот со Шкупи

77

Она што некогаш беше празник на фудбалот во главниот град, во моментов е претворено во обична обврска која што ете, според правилата и прописите мора да биде обавена.

Да, денеска на комплексот Петар Милошевки во Скопје во чудни и несекојдневни услови од 13:00 часот, екипата на Шкупи ќе го пречека Вардар како домаќин.

Шкупи е веќе второлигаш, и тука нема дилеми, а неможноста да ги доигра прволигашките мечеви на својот стадион во Чаир го тера клубот секој викенд да бара решение на таа тема.
Овојпат ФФМ излегува во пресрет и некогаш големотo градско дерби ќе се одигра на неговиот комплекс.

Вардар нормално е огромен фаворит, „црвено – црните“ едноставно мора да го добијат овој меч како и повеќето од ривалите на Шкупи сезоната.

Битката за титулата допрва ќе се „распламти“ и ќе има неизвесни и решавачки дуели. За жал, Шкупи – Вардар повеќе не е еден од тие. Вардар ќе се обиде денеска да прокнижи уште три нови бода, за да и по ова коло има статус кво во однос на тимот на Шкендија која што вчера обезбеди три бода кај Тиквеш и во моментов е лидер со меч повеќе и  67. бодови, наспротив оние 66. на Вардар.

 

ПретходноВМФЛ: Шкендија (А), Скопје и Охрид пред лесни победи, Брегалница ја чека тешко гостување кај Детонит
Следно„Чкембарите“ во напад со работен наслов: Баравте проблем, го добивте (ВИДЕО)