Доста интересен натпревар одиграа ТФТ и МЗТ Скопје, а дербито заврши во корист на тимот од Тафталиџе кој славеше со 93-91 после неверојатен пресврт. Имаше двоцифрена негатива пред стартот на последната четвртина, но сомгна сили и дојде до нови важни бодови за врвот.
Херојот на ТФТ е Ташовски, кој постигна важна тројка во финишот, но и зад своето име запиша 27 поени. На другата страна Војдан Стојановски и Меквин имаа по 18 поени.
МЗТ Скопје го доби првиот период со 20-26, но ТФТ на одморот заамина со 43-41. Актуелниот првак во третата четвртина одигра фуриозно, овој период го доби со 18-34, и се чинеше дека е на чекор до победата. Во последниот период влезе со позитива од 61-75. Но, вака не размислуваа момците на Боро Смилковски, во последните десет минути отворија со 22-4 за 83-79.
Ова беше доволна најава за драма. На 19 секунди до крајот Меквин реализираше за 89-87. Иванов реализираше за 90-87, додека Петков израмни на 90-90, но веднаше следеше одговор, Ташовски со тројка врати за 93-90. За актуелниот првак немаше време, Дамјан Стојановски претходно погоди едно слободно фрлање, а потоа од половина терен не беше прецизен за продолжение.










