Првенец, па „бомба“: Деспотовски „распали“ за победа на ОФК Београд (ВИДЕО)

90
фото: AB 9 Sport Management & Consulting (Facebook)

Уште еден макеоднски репрезентативец денеска ја покажа својата голгетерска форма. Десниот бек на нашата репрезентација, Стефан Деспотовски, постигна прекрасен погодок во дресот на ОФК Београд во убедливата победа на неговиот тим на гостувањето во Нови Пазар од 1:5.

Деспотовски испрати една “бомба“ во 23. минута на средбата со која тимот на ОФК Београд дојде во водство од 0:1. За нашиот бек ова беше прв гол сезонава, покрај кој има и две успешни асистенции.

ПретходноПелистер му се реваншираше на Кожув, Ангели со прва-вистинска победа сезонава
СледноУнгарките повторно убедливи во дуелот против Македонија