Тренто поразен, Андреј запиша 8 поени

25
Фото: Еврокуп

Андреј Јакимовски и неговиот Тренто доживеаја нов пораз. Вечерва во новото коло во италијанското првенство, Тренто беше поразен пред своите навивачи со 82:90 против екипата на Реџана и остана на само 10 победи оваа сезона.

Јакимовски одигра близу 20 минути за кои успеа да постигне 8 поени. Покрај тоа запиша и 5 скока и една асистенција.

Со овој пораз Тренто е надвор од зоната која води во плеј-офот.

ПретходноГостивар по продолжение подобар од Работнички
СледноКумановци со голема победа на гостувањето кај Чаир