Изненадување во Купот: Спартак го победи Чаир за пласман во финалето

88

Ракометарките на Спартак испишаа историја обезбедувајќи голема победа во полуфиналето на Купот на Македонија вечерва против екипата на Чаир од 24:23. Спартак направи големо изненадување победувајќи го фаворитот и со тоа обезбедувајќи си меч во финалето закажан за утре против екипата на Ѓорче Петров.

Тимот од Кисела Вода одигра одлично прво полувреме во кое најави можно изненадување. Спартак го заврши првиот дел со предност од 13:10, а проблем плус за Чаир беше повредата на Амар, како и исклучувањето на Коловска.

Во вториот дел видовме драматична завршница во која Чаир на неколкупати се обидуваше да се врати во игра, но со головите на денеска расположената Андоновска, Спартак ја запечати победата за финале.

Финалето меѓу Спартак и Ѓорче Петров е на програмата утре од 17 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица.

ПретходноНаковски Волеј и Работнички победнички во првите полуфинални мечеви
СледноБелингам со големо ветување до навивачите на Реал Мадрид