Кари и Голден Стејт останаа без плеј – оф (ВИДЕО)

271

Екипата на Голден Стејт, на чело со легендарниот Стеф Кари, инаку шампионите од 2022 година во НБА лигата и официјално сезонава останаа без место во плеј офот. Поточно во плеј – ин мечот загубија од Феникс со 96:111 и на тој начин се елиминирани.

Многумина беа во шок, а тренерот Стив Кер само го прегрна Кари по последната сиреа од мечот, на кој пак тој имаше подпросечни три погодени од десет удари за три поени и само 17 постигнати поени. Лошата вечер на Вориорси ја надополни Дрејмонд Грин кој што беше исклучен.

Што се однесува пак до победничките Санси, тие во тимот го имаа сјајсниот Џејлен Грин кој што постигна 36 поени, од кои осум тројки. Девин Букер стгина до 20 коша, и со ова Феникс си закажа стартна плеј оф серија против првопласираната Оклахома на западот.

Орландо Меџик на спротивната страна од САД со конечни 121:90 беше подобар од тимот на Шарлот.

Двојки за плеј – оф:

Запад: Оклахома – Феникс, ЛА Лејкерс – Хјустон, Денвер – Минесота, Сан Антонио – Портланд

Исток: Детроит – Орландо, Кливленд – Торонто, ЊУјорк – Атланта, Бостон – Филаделфија

http://youtube.com/watch?si=ZkC3dHAuFVT6g2LA&v=ClfQ4Y1FJtA&feature=youtu.be

ПретходноТага во кошарката: Почина легендарниот Оскар Шмит!
СледноИсториски крах: Италија првпат по 39 години без тим во европските полуфиналиња!