Ракометниот клуб Вардар вечерва во Струмица во завршницата од овогодинешниот Куп на Македонија во финалниот меч беше подобар од ГРК Охрид и на тој начин стигна до 18. титула во ова натпреварување.
Вардар е неприкосновен во оваа категорија, едноставно неговите титули и синоним во ракометниот македонски свет се нешто посебно и тоа „црвено – црните“ го покажаа на дело вечерва.
Иако на моменти ГРК Охрид навистина одигра подобро од Вардар вечерва, сепак, искуството, победничкиот менталитет, па и квалиетот ако сакате на крајот испливаа на површина.















