По четвртипат: Реал Сосиедад го освои шпанскиот куп!

1111

Фудбалерите на Реал Сосиедад го освоија шпанскиот Куп на кралот по четвртипат во историјата, а вторпат во 21 век, откако го кренаа овој голем трофеј и во сезоната 2019/2020.

Тие вечерва го победија Атлетико Мадрид во финалето на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља по подобро изведување на пенали. По 90 минути фудбал, резултатот беше 2:2, а таков остана и по продолженијата, па Баскијците победија на пенали со резултат 4:3.

Голманот Унаи Мареро беше херој, одбрани пенали на Серлот и Хулијан Алварез. Во Сан Себастијан ќе има прослави со денови, а Атлетико претрпе болен удар, само четири дена откако стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите над Барселона.

ПретходноЧелзи повторно поразен, Куња му донесе три бода на Манчестер Ј.
СледноТретата лига за нив е историја: 134 години чекаа за да стигнат до англиската Лига 1