Екипата на Вардар поведе со (1-0) во полуфиналната серија на плеј-офот во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига откако на гостински терен славеше со минимални (82:80) против фаворит за освојување на шампионскиот трофеј, Крива Паланка.
Првото полувреме не највуваше победнички епилог за „црвено-црните“ бидејќи имаа негатива од 49-30. Изненадувањето го најавија уште во третиот дел од мечот во кој анулираа добар дел од високата негатива. Последниот период двете екипи го дочекаа со водство на домашната (68:56).
На 1:40 минута пред крајот, по поените на искусната Алексиќ, односно серијата од (7-0) го израмнија резултатот (80:80). По нереализираниот обид на Робинсон, поените вредни победа ги донесе Трајковска, за прво водство на Вардар, кое се покажа и како победничко.
Николиќ оствари двоен ефект од 23 поени и 10 скока, Алексиќ постигна 16 (имаше и девет скока и четири асистенции), Пислевска помогна со 14 поени (шест скока и три додавања).
Освен новото одлично поентерско издание на Робинсон (29 поени), во тимот на Крива Паланка, Грин дојде до 22.поени (плус девет скока и седум додавања).
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ПЛЕЈ-ОФ – ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ
Крива Паланка – Вардар 80:82 (0-1)
19.АПРИЛ (НЕДЕЛА)
14.00: Баскет кам – Бадел 1862
Спортска сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ZiwQgW60Gdw?si=enfQM2aLINaZjm7v










