Дардишта: Во добра форма сме и целиме кон позитивен резултат

45
ФОТО: KF Arsimi/FB

По победата во последниот натпревар и добрата форма во која се наоѓа екипата, Арсими денес ќе го одигра уште еден мошне важен натпревар во рамките на 29. коло од фудбалскиот шампионат, каде ќе се соочи со Работнички.

Во пресрет на овој дуел, за натпреварот се огласи дефанзивецот на Арсими, Мухједин Дардишта, кој истакна дека екипата се наоѓа во подем и дека атмосферата во тимот е на високо ниво.

„Екипата е во подем, а победата против Пелистер значително ја зголеми самодовербата и мотивацијата кај фудбалерите. Оваа позитивна серија треба максимално да ја искористиме за да продолжиме со добри резултати“, изјави Дардишта.

Тој додаде дека фокусот сега е целосно насочен кон натпреварот против Работнички, кој го оцени како сериозен и квалитетен противник.

Не очекува тешка средба. Работнички е силен ривал, но ние ќе влеземе на терен со максимална посветеност. Нашата цел е да извлечеме позитивен резултат“, дополни дефанзивецот на Арсими.

Пораката од таборот на Арсими е јасна, формата е во нагорна линија, моралот е висок и екипата е подготвена да ја продолжи серијата на добри резултати и во Скопје.Натпреварот меѓу Работнички и Арсими ќе се одигра денес, со почеток од 13:00 часот, на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје

ПретходноПо четвртиот пораз во низа: Челзи на пат да урне анти-рекорд стар еден век!
СледноМерџани: Само победа е опција за Работнички