Фантастичниот македонски маратонец Дарио Ивановски оствари историски подвиг на маратонот во Белград каде утрово во силна конкуренција на десетина африкански маратонци успеа да го освои второто место во машка конкуренција. Нашиот најдобар атлетичар истрча фантастично време од 2:09:35 часа и застана рамо до рамо со победникот на маратонот, Гада Гемсиса Гудета од Етиопија, кој дојде до победа со време од 2:09:10.
Ова е уште еден доказ за неверојатната форма на нашиот маратонец, кој и натаму ќе биде еден од нашите главни атлетски адути на претстојните големи светски натпреварувања. Дарио денеска зад себе на улиците во Белград остави четворица Кенијци кои се распоредија од третото до шестото место, како и уште неколку врвни маратонци од африканските земји кои ги заземаа сите позиции идо 14. место.










