Екипата на РК Вардар е освојувач на Купот на Македонија. „Црвено – црните“ го освоија трофејот по тесниот триумф во финалето над ГРК Охрид со конечни 23:24, и со тоа најавија можеби и двојна круна сезонава, со оглед на фактот што изгледни се шансите да се освои и шампионската титула.
„Многу тежок натпревар, како и сите дерби мечеви кои што ги играме сезонава. Секоја чест до моите соиграчи, извонредни бевме. Честитки и за Охрид за кого уште еднаш се виде дека е сериозен проект, со сериозни амбиции. Што се однесува до самиот меч, играта на Охрид не беше ништо невообичаено, се анализиравме, се предвидовме. Мислам дека нивниот голман имаше извонреден ден, и донесе ваков тесен меч. Мислам дека во други услови овој триумф ќе беше поубедлив. На крајот од денот, ние сме најквалитетната екипа во Македонија, и тоа ќе го потврдиме со двојна круна оваа сезона. Чест ми е што сум дел од овој тим. Презадоволен сум како заврши овој турнир во наша полза“ – изјави Лазаревски.










