Напаѓач на Верона се тепаше со навивач на клубот (ВИДЕО)

87
фото: Lega Serie A (X)

Напаѓачот на Верона, Гифит Орбан, се степал со навивач пред стадионот по поразот на неговиот тим од Милан.

Во 33-то коло од италијанската Серија А, испаднатата Верона беше поразена на домашен терен од тимот на Милан со 1:0, а Орбан се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност по инцидентот што се случи по завршувањето на натпреварот.

Пред стадионот, фудбалерот се пресметал физички со незадоволен навивач. Според италијанските медиуми, конфликтот се случил по кратка расправија со навивач кој го замолил Орбан да се фотографира. Фудбалерот одбил да се фотографира, по што навивачот удрил во автомобилот во кој се наоѓал напаѓачот на Верона. Фрустриран, Орбан излегол од автомобилот и се степал со навивачот, а еден од минувачите ја снимил тепачката со својот мобилен телефон.

ПретходноВардар во четврток ќе слави роденден со ретро-дресови и голема забава во фан-зона
СледноЗавршен четвртиот модул од УЕФА ПРО курсот во организација на ФФМ