Се сменија квотите на обложувалниците: Сега Манчестер Сити е прв фаворит за титулата

145
фото: Manchester City (X)

По вчерашната победа над Арсенал од 2:1, најголемите светски букмејкери веруваат дека Манчестер Сити ќе ја освои Премиер лигата.

Тимот на Пеп Гвардиола го победи Арсенал на домашен терен во 33-то коло од Премиер лигата, па сега „граѓаните“ заостануваат само три бода зад водечките „топчии“, со натпревар помалку.

За првпат оваа сезона, Сити е главен фаворит за освојување на титулата, со коефициент од 1,68. По 31-то коло, нивниот коефициент беше 6,00, а по 32-то коло, тој беше 2,25. Квотата за Арсенал сега е 2,20, додека обложувалниците нудеа коефициент од 1,10 по 31-то коло.

Пред сезоната, Манчестер Сити се сметаше за трет фаворит за освојување на титулата.

ПретходноЃукиќ: Честитки до Вардар заслужуваат да освојат дупла круна! Ние треба да бидеме горди!
СледноМилојевиќ: Фудбалот напредува многу брзо, мора да ги прифатиме новите трендови