Откако се врати во нападот на Струга ТЛ по пауза од неколку меча поради повреда, Басиру Компаоре покажа уште еднаш колку значи за тимот на струажани. Со него на сите во Струга ТЛ им е полесно. Одличен настап, два убави гола и победа од 0:4. Сосема доволно за да биде интернационалецот од Буркина Фасо играч на ова 28.коло според “СпортСпорт“. Покрај него во идеалниот тим на колото од Струга ТЛ се и Илиевски и Воша, потоа Ондоа, Белица и Мухарем (Работнички), Спировски, Србијанац и Ивановски (Пелистер), Додев (Силекс), Тодоровски (Вардар).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
БАСИРУ КОМПАОРЕ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 23.04.1998 во Буркина Фасо
Кариера: Сонабел, Танџер, Кенифра, Клуб Африкан, Мајадахонда, Туделано, Талавера, Дон Бенито, Струга ТЛ















