Артета не се предава: Трката за титулата само што започна!

102
фото: Arsenal @Arsenal (X)

По вчерашниот пораз од Манчестер Сити на гости со 2:1, Арсенал полека ја загуби предноста на врвот во Премиерлигата. Сепак, шпанскиот стратег на клупата на „топчиите“, Артета, го нагласи фактот дека последната фаза од сезоната ќе биде одлучувачка за конечната распределба на местата.

„Битката за титулата практично повторно започнува. Тие имаат натпревар помалку, ние водиме со три бода, а остануваат уште пет натпревари. Сè е во тек и ништо не е одлучено. Играчите беа разочарани бидејќи не ја постигнавме посакуваната цел. Тоа е природна реакција. Но, пораката беше јасна – денес пропуштивме шанса, но најголемата можност е во следните пет натпревари. Мора да ја искористиме“, рече тој.

ПретходноТоа би било “бомба“: Бруно Фернандеш на лето прави трансфер во Галатасарај?!
СледноСалах: Само сакам достоинствено да се збогувам со Ливерпул