По убедливата победа на првиот меч во Штип, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Штип УГД, денеска го очекува и првото гостување во финалната серија од домашниот одбојкарски плеј-оф. Штипјани ќе се обидат да направат „брејк“ на гости и да дојдат на чекор до историската двојна круна во домашната одбојка.
Тимот на Кристиан Ристески игра победничката сезона и се надева дека ќе успее да ги запре налетите на жилавите ривали од Велес, кои во денешниот меч гледаат голема шанса да се вратат во игра за титулата. Велешани покажаа во повеќе наврети сезонава дека се достоен ривал, кој има капацитет за изненадувања.
Натпреварот вечерва стартува во 20 часот во салата „Гемиџии“ во Велес.










