Лауреус 2026: „Спортските оскари“ за Алкараз, Јамал, ПСЖ, Сабаленка…а шоуто го “украде“ Новак!(ФОТО)

132
ФОТОfacebook.com/LaureusSportForGood/

Вечерва во Мадрид, во гала церемонија „Лауреус 2026“ на која учествуваа повеќе познати лица од светот на спортот, на која домаќин беше Новак Ѓоковиќ се одржа доделување на “спортските оскари“. Сепак мора да се каже дека најдобриот тенисер на сите времиња го “украде“ шоуто во Мадрид со своето присуство. Да се знае кој е кој.

Инаку за спортист на годината беше прогласен Карлос Алкараз. На Ламине Јамал му беше доделено признанието најдобар млад спортист на годината, додека ПСЖ беше прогласен за најдобар клуб. Додека тенисерката Арина Сабаленка беше прогласена за најдобра спортистка на годината.

Имаше и признание за Тони Крос како “спортска инспирација“, признанија добија и Ландо Норис, Надија Команечи…






ПретходноШтип УГД славеше и во Велес и сега води со 2:0 во финалната серија!
СледноНено со 10 поени во новата победа на Баерн Минхен!