Младинците на Реал Мадрид се победници во Лигата на Шампиони за младинци. “Кралевите“ вечерва во Лозана, во големото финале славеа против Клуб Бриж откако беа подобри во пенал – серијата. Во регуларниот дел беше 1:1, за да потоа по ударите од белата точка победија со 2:4.
Ако е за некаква утеха, за сите во кралскиот клуб а посебно за фановите на најголемиот клуб во светот, тоа е дека сепак Реал ја освои Лигата на Шампионите, па макар и во младинска конкуренција.
Јакобо Ортега во 23.минута беше стрелец за Реал Мадрид, додека Јенсен во 64.минута по донесе 1:1 на Клуб Бриж.
💪 ¡ENHORABUENA CAMPEONES! 💪 https://t.co/8ratWuQvrY
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 20, 2026










