ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)

45
ФОТО: FC Struga/FB

Кога ќе се победи Башкими на негов терен, и тоа со 0:4, тогаш јасно е дека твојата екипа одиграла одлично, а ти како тренер и тоа како си ја завршил својата работа. Токму затоа и тоа по подолго време, стратегот на Струга ТЛ, Бледи Шкемби според „СпортСпорт“ е тренер на ова 28.коло.

Шкемби знае како треба против Башкими, и тоа како. Ова беше трет меч сезонава за Струга ТЛ против кумановскиот клуб и трета победа за “три од три“ што би се рекло, и тоа со неверојатна гол-разлика 15:0. Значи без примен гол а дадени дури 15 голови на Башкими на овие три меча во сезоната 2025/26. Достигнување кое ќе остане запаметено.

Да, по подолго време Струга ТЛ вчера во Куманово одигра одличен меч, како што му доликува на некогашниот двократен шампион на Македонија.

ПретходноСкандал во Реал (М): Четворица фудбалери одбиле да одат на едно гостување!?
СледноУбедлив пораз на фудбалерите до 16 години во дуелот против Турција