И МВР се огласи по инцидентот во Куманово: Уапсен е газдата на Башкими!

770

Вчера во Куманово и тоа каков скандал го потресе мак – фудбалот. Токму и затоа брзата реакција на ФФМ суспендирање на теренот на Башкими. Познато е се што се случуваше по мечот Башкими – Струга ТЛ, а денеска се огласи и МВР. Во дневниот билтен на МВР пишува дека е приведен газдата на кумановскиот клуб Б.Х.

На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга. Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле паркираниот автобус, сопственост на приватна фирма од Струга, кој ги превезувал играчите од Струга. Во врска со настанот, во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Х.(39). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.  

ПретходноФФМ: Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка
СледноСтефан Деспотовски во тимот на колото во Суперлигата на Србија! (ФОТО)