ГРК Охрид не успеа да направи уште еден историски чекор, во финалето во Купот на Македонија, кое беше прво за овој клуб беше поразен од Вардар 1961 во неизвесен меч. Охриѓани имаа шанса, но во клучните моменти направија грешки кои на крајот ги чинеа пораз.
Дарко Ѓукиќ беше еден од најдобрите играчи на Охрид, против својот некогашен тим постигна пет гола.
„Мислам дека цела наша екипа даде максимум и треба да бидеме горди на тоа. Вардар е една екипа која е правена за Лигата на шампионите. Оваа сезона играме многу квалитетно, малку ни недостигаше денес за да го освоиме трофејот и затоа сега ми е жал. Подобро ќе се чувствував ако загубевме пет-шест разлика, ама тоа е животот, одиме понатаму. Честитки на Вардар за Купот, заслужија и да ја освојат двојната круна. Ние продолжуваме понатаму и треба да видиме до каде можеме да стигнеме во Европа, секако дека нашата цел е финале и се надевам ќе го исполниме тоа“, изјави Ѓукиќ.










