Едногласно – Виктор Вембањама!

86
Фото: Сан Антонио Спарс/Твитер

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама е прогласен за најдобар дефанзивен играч во НБА-лига. 22-годишниот центар стана најмладиот добитник на оваа награда, а наградата ја освои едногласно.

„Најголемиот предизвик беше можеби да стигнам до 65 натпревари. Пресреќен сум за признанието и горд што сум првиот едногласен победник“, рече Вембањама.

Второто место во изборот го зазеде Чет Холмгрен од Оклахома, додека третиот беше Томпсон од Детроит. И двајцата имаа клучна улога во освојувањето на првите места на своите тимови пред плејофот, но трката за наградата практично не беше неизвесна.

Трета сезона по ред, Вембањама беше лидер во лигата по бројот на блокади и претставуваше постојана закана за противничките напади.

Со ова признание, Вембањама влезе во историјата од неколку причини. Тој стана најмладиот добитник на наградата, а Сан Антонио е првиот клуб со четири различни играчи кои ја освоија наградата за најдобар дефанзивец, по Алвин Робертсон, Дејвид Робинсон и Кавај Ленард.

Францускиот центар се приклучи на елитното друштво на Дејвид Робинсон и Мајкл Џордан како единствени играчи кои ги освоија и наградите за руки на годината и за најдобар дефанзивец.

Лигата ќе продолжи со церемонијата на доделување награди во вторник, кога ќе биде прогласен најдобриот играч во неизвесните финалиња. Вембањама е кандидат и за наградата за најкорисен играч (MVP), заедно со Шај Гилџес-Александар и трикратниот победник Никола Јокиќ.

„Честопати го занемаруваме тимскиот аспект. Јас сум во центарот на вниманието, но сум дел од системот и без моите соиграчи и стручниот штаб, ова не би било можно“, заклучи Вембањама.

ПретходноСуперкомпјутерот си кажа: Арсенал ќе биде шампион во Премиерлигата!
СледноКузманоски и Новеска ги одредија составите за Светското училишно првенство во ракомет!