Скопје веќе дише во ритамот на ракометот, нашиот главен град е домаќин Светското училишно првенство во овој спорт. Над 700 младите спортисти од целиот свет ќе бидат дел од овој сепктакл.
Македонија на Мундијалот ќе настапи во машка и женска конкуренција, а селекторите веќе ги одредија составот.
Предводникот на репрезентацијата до 18 години, Горан Кузманоски повика 14 ракометари. Македонија ќе биде во групата А заедно со Р.Српска, Грузија 1, Бугарија и С.Арабија.

Селекторката на женската репрезентација, Даниела Новеска Вељановска исто така одреди список од 14 ракометарки. Македонија ќе игра против Белгија, Грузија и Словачка.

За денеска е закажано свеченото отворање на шампионатот, стартува во 19:30 часот на плоштад Македонија. Претходно во 10 часот ќе се одржи технички состанок, на кој ќе бидат одредени групите и салите во кој ќе играат двете селекции на Македонија.










