Васоски: Охрид е квалитетен, но ние ќе пробаме да решиме многу нешта уште на првиот меч

107

Македонскиот национален фудбалски Куп, утре на програмата ги има првите дуели од полуфиналето.

На програмата се дуелите, Охрид – Силекс односно Шкендија Арачиново – Шкендија Тетово.

Дуелот во Охрид се игра од 12:00 часот, а Силекс секако дека е во фаворитска улога. Прволигашот има императив пред себе, но далеку од тоа дека успехот ќе дојде сам по себе. Напротив. Кормиларот на Кратовци, Александар Васоски и тоа како повикува на претпазливост во неговоот табор, и смета дека прволигашкиот статус ама апсолутно на терен не дава никаква предност.

„Пред секој старт на првенство се знае дека најлесен пат до Европа е преку Купот на Македонија. Затоа што се работи за само пет меча, ако тука се смета и финалето. Од друга страна ама апсолутно ништо не значи фактот што ние сме прволигаши. Само ако го согледаме Охрид како рамноправен противник, и ние бидеме правите можеме да сметаме на успех. Во спротивно, свесни сме дека Охрид знае да направи многу проблеми. Доказ за тоа е четвртфиналето против Вардар“ – вели Васоски па додава.

„Максимално мотивирани, сконцентрирани. Секако дека ме радува позитивниот тренд во последните четири мечеви, постигнавме доста голови, не примивме ниту еден. Тоа секако дава додатна самодоверба во овој полуфинален меч. Добро е што се играат два меча, затоа што кој и да е резултатот од првиот дуел, сепак, решавачки ќе биде реваншот.  Сепак, ние ќе се потрудиме да решиме многу нешта уште утре“ – изјавува искусниот стратег за Спортспорт.

 

ПретходноМЗТ Скопје и Тиквеш ќе ги „лечат раните“!
СледноТрумчи: Шкендија посакува пласман во финалето уште утре