Новиот тренер на Вардар интезивно го учи македонскиот јазик: Ѓ – како ѓеврек (ФОТО)

410

Кристијан Огре Фабијани, кој од следната сезона треба да биде нов тренер на ФК Вардар, на големо се подготвува за оваа функција. Покрај тоа што постојано е на тренинзите и мечевите на „црвено-црните“, Аргентинецот почна и со часови по македонски јазик.

Фабијани своите активности во главниот град постојано ги споделува на социјалните мрежи. Овој пат тој се пофали дека интезивно го учи нашиот јазик.

Аргентинецот ќе биде замена за Гоце Седлоски, кој целосно ќе се посвети на македонската фудбалска репрезентација.

ПретходноКузманоски и Новеска ги одредија составите за Светското училишно првенство во ракомет!
СледноМедиумите во Шпанија: Мурињо во Реал? Како, кога никој не го побарал!