Куп 1/2 финале: Силекс на гости во Охрид, дуел на двете Шкендии под Шара!

78

Денеска на програмата се првите полуфинални мечеви во Купот на Македонија. И веднаш да кажеме, ова ќе биде битка меѓу ПМФЛ против ВМФЛ. Во Охрид од часот се среќаваат ГФК Охрид и Силекс, а во Тетово од 14 часот играат Шкендија против Шкендија Арачиново. Реваншите се закажани за 6 мај.

Јасно е дека според квалитетот, па и историјата и амбициите, Шкендија и Силекс се големи фаворити, но да не заборавиме дека ова е Куп на Македонија, натпреварување во кое секогаш има изненадување. Исто така да не заборавиме дека токму Охрид во 1/4 финалето го елиминираше последниот освојувач на пехарот, тимот на Вардар и тоа во Скопје. Сега ќе биде потешко, посебно ако се знае дека се играат два меча, а тоа секогаш е подобро за фаворитите.

Сепак ова е полуфинале, ова е фудбал, ова е Куп на Македонија, значи можни се нови сензации.

Охрид сака историја, Силекс посакува преку Купот да дојде до пехар и излез во Европа, Шкендија сака двојна круна, а Шкендија Арачиново, исто како и Охрид, финале и историја.

Па така на потег се овие четири екипи, прволигашите Шкендија и Силекс и второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново.

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (први мечеви)

Охрид: ГФК Охрид – Силекс (12:00 ч)

Тетово: Шкендија – Шкендија Арачиново (14 ч)

*Реваншите се играат на 6 мај

ПретходноКузманоски: Не смееме да потцениме ниту една држава! Сакаме да се покажеме во најдбро светло!
СледноНеверојатниот Леброн сам ги влече Лејкерси без Дончиќ против фаворитите (ВИДЕО)