Неверојатно: Те бараат Барса и Баерн а ти потпишуваш со Бешикташ!

679

Шпанскиот дефанзивец Алехандро Грималдо е еден од најдобрите играчи на Леверкузен оваа сезона и многумина покажаа интерес за него, вклучувајќи ја и Барселона, секако и Баерн Минхен кој веќе подолго време посакува да го ангажира. Сепак, ни Барса, а ни Баерн нема да добијат Шпанецот, туку еден друг клуб, и тоа Бешикташ.
Според медиумите во Швајцарија, шпанскиот фудбалер бил на вечера со претставници на клубот од Истанбул, каде што му бил претставен амбициозен проект каде што би бил една од централните фигури.
Договорот на Грималдо истекува во 2027 година и веќе на сите им е јасно дека тој нема да остане во Леверкузен, па затоа тој клуб ќе одлучи да го продаде на лето, единственото прашање е по која цена. Се шпекулира со сума од 20 милиони евра.

ПретходноДали тоа ќе биде “новиот Дортмунд“: Тотенхем добива нов спортски директор!
СледноВредна победа за Феникс во битката за опстанок