Официјално: ФК Вардар со предлог јужната трибина на Арената да го носи името на Васил Рингов

102

Предмалку од ФК Вардар до медиумите и официјално ја доставија информацијата дека клубот формално правно ја остварува јавата која што беше лиферувана пред неколку месеци.

А тоа е јужната трибина на Арената Тодор Проески и официјално да го носи името на сега веќе покојната вардарова и македонска фудбалска легенда Васил Рингов.

Ова беше најавено уште на самата комеморација на Рингов пред неколку месеци, а сега сиот тој процес добива и на официјализација.

ФК Вардар официјално достави барање во писмена форма до надлежните институции, и ова секако во најскоро време треба да има и реализација.

 

ПретходноКадетките фуриозно го отворија Светското училишно првенство во ракомет
СледноЕ.Пелистер го потврди заминувањето на Стевче Алушовски, Алексо Лембанов ќе го води тимот