Елези е во одлична форма, повторно “тресеше“ за Сараево!(ВИДЕО)

54
фото: FK Sarajevo (Facebook)

И дефинитивно Агон Елези е во одлична форма. Повремениот македонски репрезентативец и попладнево, во меч од 30.коло во шампионатот на БиХ, повторно беше стрелец за Сараево во меч против Слога. Ова за Елези беше седми гол сезонава за “бордо“ тимот од Кошево и со тоа е убедливо најдобар стрелец за босанскиот гигант и е еден од најдобрите стрелци во тамошната лига.

Се играпше 37.минута кога Елези убаво се снајде пред голот на гостите и донесе водство од 1:0. Тој беше во игра до 71.минута кога резултатот беше 4:0.

На овој меч за Сараево не настапи Стефан Ристовски.

ПретходноМКК Куманово рутински до победа против Ангели!
СледноЕве како Пеп му “врати“ на Руни за еуфоричната прослава на неговите играчи по мечот со Арсенал!