Кадетите со убедлива победа против Бугарија го отворија шампионатот

332

Македонската машка кадетска репрезентација со победа го стартуваше Светското училишно првенство во ракомет. Избраниците на Горан Кузманоски во првото коло славеа против Бугарија со 33-18 (11-9).

Нашата репрезентација беше подобар противник во текот на целиот меч. Клучната разлика ја направи во второто полувреме. После 11-8 на одморот, Македонија со серија од 4-0 поведе со 15-9. Нашите момци не застанаа тука, поведоа со 18-11 и го најавија победникот на оваа средба. Во 40-та минута Македонија за првпат поведе со двоцифрена разлика 23-13.

Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Лука Јовиќ со шест гола, а по пет постигнаа Трајче Костов и Стефан Ѓеорѓиевски.

Македонија утре ќе игра против Грузија, натпреварот е закажан со почеток во 10:30 часот во салата “Македонско Сонце”.

ПретходноОва се термините за 29.коло во ПМФЛ: Вардар го пречекува Тиквеш на Арената
СледноНавивачите на Реал Мадрид ја исвиркаа ѕвездата и покрај победата