Денеска на програмата од Купот на Македонија се полуфиналните средби, а во првиот, оној кој што започна во 12:00 часот се сретнаа екипите на Охрид и Силекс.
Второлигашот успеа на свој терен да остане непоразен и да одигра против објективниот фаворит 1:1, што значи дека патникот во големото финале од овој дуел ќе го дознаеме на реваншот кој што е закажан за 6 мај во Кратово.
Денешниот дуел во Охрид беше класичен од македонски фудбалски карактер. Силекс подобро го отвори мечот и имаше ситуации преку Мирчевски, Донов, Пиреш, додека домаќинот прво се обиде преку Каланоски.
Токму домаќинот беше тој кој што обезбеди водство, по одличната акција на Димитриевски, Поповски и Бакрачески. Последниот одлично асистираше за најдобриот стрелец на охриѓани сезонава, Глигоров, кој што од непосредна близина го совлада Џеков во 35. минута
Сепак, домашните не заминаа на полувреме со водство. Додев одлично мина по таа негова лева страна и успеа да асистира за Алиќ. Овој одлично со глава преку директниот чувар, но и голманот Серафимов во 45. Минута успеа да израмни на 1:1.
Во вториот дел, домаќинот успеа да го сведе Силекс на една до две ситуации за гол, кој што кратовци не ги реализираа.
И во двете актер беше Дарко Додев. Најпрво крилниот играч изби сам пред Серафимов откосо и биеше идректно во него, а во втората, проба да асистира за Мишов но тоа го стори непрецизно.
Како што веќе рековме реванш дуелот од полуфиналето од Купот на Македонија се игра на 6 мај во Кратово.










