Денеска на програмата се првите полуфинални мечеви во Купот на Македонија. И веднаш да кажеме, ова ќе биде битка меѓу ПМФЛ против ВМФЛ. Во Охрид од часот се среќаваат ГФК Охрид и Силекс, а во Тетово од 14 часот играат Шкендија против Шкендија Арачиново. Реваншите се закажани за 6 мај.
Јасно е дека според квалитетот, па и историјата и амбициите, Шкендија и Силекс се големи фаворити, но да не заборавиме дека ова е Куп на Македонија, натпреварување во кое секогаш има изненадување. Исто така да не заборавиме дека токму Охрид во 1/4 финалето го елиминираше последниот освојувач на пехарот, тимот на Вардар и тоа во Скопје. Сега ќе биде потешко, посебно ако се знае дека се играат два меча, а тоа секогаш е подобро за фаворитите.
Сепак ова е полуфинале, ова е фудбал, ова е Куп на Македонија, значи можни се нови сензации.
Охрид сака историја, Силекс посакува преку Купот да дојде до пехар и излез во Европа, Шкендија сака двојна круна, а Шкендија Арачиново, исто како и Охрид, финале и историја.
Па така на потег се овие четири екипи, прволигашите Шкендија и Силекс и второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново.
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (први мечеви)
Охрид: ГФК Охрид – Силекс (12:00 ч)
Тетово: Шкендија – Шкендија Арачиново (14 ч)
*Реваншите се играат на 6 мај










