Предмалку од ФК Вардар до медиумите и официјално ја доставија информацијата дека клубот формално правно ја остварува јавата која што беше лиферувана пред неколку месеци.
А тоа е јужната трибина на Арената Тодор Проески и официјално да го носи името на сега веќе покојната вардарова и македонска фудбалска легенда Васил Рингов.
Ова беше најавено уште на самата комеморација на Рингов пред неколку месеци, а сега сиот тој процес добива и на официјализација.
ФК Вардар официјално достави барање во писмена форма до надлежните институции, и ова секако во најскоро време треба да има и реализација.
















