И дефинитивно Агон Елези е во одлична форма. Повремениот македонски репрезентативец и попладнево, во меч од 30.коло во шампионатот на БиХ, повторно беше стрелец за Сараево во меч против Слога. Ова за Елези беше седми гол сезонава за “бордо“ тимот од Кошево и со тоа е убедливо најдобар стрелец за босанскиот гигант и е еден од најдобрите стрелци во тамошната лига.
Се играпше 37.минута кога Елези убаво се снајде пред голот на гостите и донесе водство од 1:0. Тој беше во игра до 71.минута кога резултатот беше 4:0.
На овој меч за Сараево не настапи Стефан Ристовски.










