Компани одби да биде стручен коментатор за време на Мундијалот: Би останал без семејството!

55
ФОТО: FC Bayern München/FB

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, ја одби можноста да биде стручен коментатор за англиските медиуми за време на претстојното Светско првенство, бидејќи сака да го помине летото со своето семејство на најдобар можен начин, со цел полесно да ја дочека новата сезона.
Во неделата, Баерн стана шампион на Германија по 35-ти пат во историјата, а веќе вечерва имаат можност да го потврдат првото финале на Купот на Германија по шест години кога ќе гостуваат кај Баер Леверкузен.
Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен следи следната недела, па е јасно дека претстојното лето е можност Компани да направи пауза и да се одмори од напорнарта сезона.
„Апсолутно нема шанси да работам нешто за време на одморот! Зошто би го направил тоа за време на мојот одмор? Тогаш би бил без моето семејство следната сезона во Минхен. Нема шанси“, рече тренерот кој може да ја освои „тројната“ титула со Баерн, што последен пат го направи во 2020 година под водство на Ханси Флик.

ПретходноТФТ на две победи до историја: Широки е одличен тим, финалето ќе биде возбудливо!
СледноОва се термините за 29.коло во ПМФЛ: Вардар го пречекува Тиквеш на Арената