И официјално, Лиам Росениор не е веќе тренер на Челзи. Сосема очекувана одлука на раководството на светскиот првак ако се знае како тимот играше во последно време и уриваше негативни рекорди во изминатите натпревари.
Ова е соопштението на клубот од пред неколку минути:
“Фудбалскиот клуб Челзи денес се раздели со главниот тренер Лиам Розениор.
Во име на сите во ФК Челзи, сакаме да изразиме благодарност до Лиам и неговиот персонал за сите нивни напори во текот на нивниот престој во Клубот.
Лиам отсекогаш се однесувал со највисок интегритет и професионализам по неговото назначување на средина од сезоната.
Ова не е одлука што Клубот ја донел лесно, но неодамнешните резултати и перформанси паднаа под потребните стандарди, а има уште многу да се игра оваа сезона. Сите во ФК Челзи му посакуваат на Лиам секој успех во иднина.
Калум Мекфарлан ќе го преземе тимот како привремен главен тренер до крајот на сезоната со поддршка од постојниот персонал на Клубот, додека се стремиме да постигнеме европски квалификации и напредок во ФА Купот.
Додека Клубот работи на тоа да донесе стабилност на позицијата главен тренер, ќе преземеме процес на саморефлексија за да го направиме вистинското долгорочно назначување“.
Club statement: Liam Rosenior
— Chelsea FC (@ChelseaFC) April 22, 2026










